Реми на шахистите со Канада, дамите подобри од Данска

По двата претходни порази, македонските шахисти ремизираа (2-2) со селекцијата на Канада во 8. коло на 43. Олимпијада во Батуми, Грузија.

Поените за македонската репрезентација ги освоија велемајсторите Кирил Георгиев и Владимир Георгиев на првите две табли, а загубија интермајсторот Филип Панчевски и велемајсторот Трајко Недев на третата односно четвртата табла.

Дамите, пак, славеа убедливо со 3-1 против Данска. Победи запишаа Стојкоска и Коскоска, а ремизираа Бејатовиќ на првата и Катерина Петровска на четртата табла.

Се вчитува...