Реми на Шкупи на контролата со Борец

Искористувајќи ја паузата поради репрезентативните активности, прволигашот Шкупи одигра пријателски натпревар денеска на стадионот Чаир во Скопје ремизирајќи со второлигашот Борец од Велес.

Мечот во Чаир заврши без победник (2-2) откако за домашните погодија Баже Илијоски и Муарем Бајрами, додека на спротивната страна за велешани стрелаа Андреј Ричков и Симеон Христов.

Новиот тренер на Шкупи, Умут Каран ја искористи контролата за проверка на поголемиот дел расположиви фудбалери пред продолжението на сезоната во која чаирчани негуваат амбиции и за европски излез. Борец, пак, е сигурен лидер во Втората лига – Исток отворено нагласувајќи ја желбата за прволигашки статус од следната сезона.

Се вчитува...