Реми на Шкупи против Мариупол

Екипата на Шкупи ремизираше 2-2 на дуелот со Мариупол, втор контролен меч што македонскиот прволигаш го одигра како дел од подготовките во Турција. Украинскиот состав се покажа како далеку посериозна екипа од првиот ривал Челик, но Шкупи со максимално залагање и квалитетна игра успеа да остане непоразен.

Противникот прв поведе преку Јаворски по само три минути игра, но 15 минути подоцна израмнувачки погодок постигна Јусуфи. Мариупол стигна и до водство од 1-2, но Шкупи остана непоразен благодарение на голот што во 59. минута го постигна Илиевски.

Следен предизвик за овој македонски прволигаш во подготвителниот период ќе биде пресметката соПолитехника од Романија, меч што е закажан за 4 јули.

Се вчитува...