Реми на Струга и Пелистер 2 во трилер натпревар

Во крајно интересен натпревар Струга и Пелистер 2 одиграа без победник 30-30 во 8. коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и во текот на целото прво полувреме го контролираа резултатот, по што на пауза заминаа со предност од два гола разлика 17-15.

Битолчани фуриозно го стартуваа вториот дел и со одлична игра успеаја да стигнат до највисоките плус четири 20-24. Сепак, домаќините се вратија и натпреварто влезе во неизвесна завршница. Прво „пелистерци“ не реализираа напад за победа, а во последните секунди шанса пропуштија и домаќините па натпреварот заврши без победник (30-30).

Цветан Кузмановски од гостинскиот табор со девет гола беше најефикасен на натпреварот, додека кај „стружани“ се истакна Владан Кастратовиќ кој заврши со гол помалку.

Се вчитува...