Реми на тестот меѓу Каменица Саса и Кит Го

Фудбалерите на Кит Го ремизираа (1-1) против Каменица Саса на првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки пред стартот на новата сезона.

На гостувањето во Македонска Каменица, Кит Го дојде до брзо водство со погодокот на Бошко Ступиќ уште во 5. минута од средбата. Домаќините успеаја да израмнат во 30. минута благодарение на автоголот на Оливер Христов.

Следниот контролен дуел за составот на Емил Грнев е на 24. јули против струмичка Беласица.

Се вчитува...