Реми со Рубин 2 за крај: Вардар без ниту една победа од седум меча се враќа од Аланија

Вардар со реми (2-2) против вториот тим на рускиот Рубин Казан ги заврши своите подготовки во Аланија.

Двата погодоци за „црвено-црните“ на денешниот дуел ги постигнал Џемаил Ибиши. Русите до ремито стигнале со гол од пенал во финишот од натпреварот.

Вардар на тој начин ги заврши подготовките во Аланија, резултатски повеќе од скромно, со пет порази и две ремија (гол разлика: 8-15), ова денешното против Рубин 2 и претходно против Подбрезова (1-1). „Црвено-црните“ загубија од украинска Александрија (2-3), бугарски Черно море (0-2), полскиот прволигаш Миеѓ Легница (1-2), азербејџански Сумгаит (1-3) и казахстанскиот Иртиш Павлодар (1-2).

Утре „вардарци“ се враќаат во Скопје каде ќе бидат продолжение подготовките до почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...