Реми во Бергамо, Аталанта и Лацио ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Во дербито од 11-то коло во Серија А, Аталанта и Лацио ги поделија поените откако приредија голеада на присутните и остварија конечен резултат од 2-2.

Педро Родригез беше прецизен за гостите, па со погодок во 18. минута рано го отвори овој дерби натпревар и најави неизвесност до крајот на овој двобој. Одличната увертира значеше жесток судир меѓу фудбалерите на теренот, Аталанта за момент ја презеде изницијативата на играта и пред самиот крај на првото полуверме успеа да израмнио на 1-1, стрелец кај домаќините беше Дуван Запата 45. минута.

Вториот дел беше пресликан како и првото полувреме. Гостите поведоа со 1-2 преку Чиро Имобиле во 74. минута, додека во финишот од мечот домашниот состав преку Мартен де Рун успа да израмни на конечни 2-2.

По овој исход Аталанта со 19 бода е на петото место, со еден бод повеќе од Лацио кој ја зазема четвртата позиција.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...