Реми во големото германско дерби меѓу Рајн Некар и Фленсбург

Рајн Некар Левен и Фленсбург одиграа нерешено 31-31 во натпревар од 12. коло во ракометната Бундеслига.

Домаќините одиграа неверојатно прво полувреме во кое го прегазија противникот и на полувреме заминаа со голема предност од 19-13. Сепак, Фленсбург врати со исто ниво во вториот дел и успеа да го однесе натпреварот во неизвесна завршница, и на крајот до реми (31-31).

Шмид и Генцхајмер со по 8 гола беа најефикасни во таборот на Левен, додека кај Фленсбург Ване го заврши мечот со шест гола.

 

Се вчитува...