Реми за Џенова против Спал, половина час за Пандев

Џенова ремизираше на гости против Спал играјќи 1-1, а македонскиот репрезентативец Горан Пандев доби шанса во второто полувреме од мечот. Тој влезе во игра во 62.минута на местото на Лукас Лерагер.

Спал дојде во водство со голот на Андреа Петања од пенал во 55.минута, а израмни Стефано Стураро само две минути подоцна.

Џенова се наоѓа на 18.позицијата на табелата во италијанскиот шампионат со 10 освоени бода, веднаш над Спал кој има девет бода.

Се вчитува...