Реми за крај: У-19 репрезентацијата го постигна првиот гол во квалификациите (фотогалерија)

Селекцијата на Македонија за фудбалери до 19 години со реми од 1-1 против Белорусија го заврши настапот во квалификацискиот турнир за ЕП 2024 што во изминатите денови се одржуваше во Скопје.

По почетните порази од Украина и од Швајцарија, денешниот меч со Белорусите беше одигран без никаков резултатски притисок ако се знае дека двете селекции веќе ги загубија сите шанси за пласман на ЕП. Гостите први поведоа на стартот од вториот дел, а Македонија израмни со погодокот на Данев во 76. минута, на асистенција на Ѓорѓиевски. Ова беше прв гол на нашиот млади фудбалери на овој квалификациски турнир, „црвено-жолтите“ потоа се обидоа да направат целосен пресврт, но не успеаја и на крајот мораа да се задоволат само со еден освоен бод.

Првото место во нашата група го освои Украина, која со победата од 3-0 над Швајцарија си осигура билет за претстојниот европски шампионат.

 

Се вчитува...