Ремито во Мец, најава за Скопје – Македонија сега без Червар, Исланд со Палмарсон

Македонија и Исланд последен пат се сретнаа на ракометниот терен пред неполни четири месеци, кога во рамките од групата Б на мундијалот во Франција ремизираа 27-27, резултат што им беше во полза на двете селекции, Македонија го осигура третото место во групата, а Исланд пласманот во четвртфиналето.

Овојпат ситуацијата е значително променета, „црвено-жолтите“ веќе ќе го немаат Лино Червар на клупата, а Исланд ќе биде предводен од својот најдобар ракометар, Арон Палмарсон. Ривалството продолжува, а двете селекции посакуваат цел плен, откако аутсајдерот во групата Украина ги замрси сметките искачувајќи се на првото место со две победи по првите две кола.

Еве како изгледаше ремито во Мец, со радост на нашите ракометари на крајот, со надеж дека на крајот од вечерашниот меч повторно ќе се слави, но овојпат победа над големиот ривал.

Се вчитува...