Раководството на Милан е во шок откако „росонерите“ претрпеа неочекуван пораз на домашен терен од Калјари во последното коло од Серија А, исход што значеше и губење на билетот за ЛШ за наредната сезона.
Ова само по себе значи загуба од најмалку 50 милиони евра, па јасен е бесот кај челниците на италијанскиот гигант кои уште синоќа најавиле сериозен ремонт. За сопственикот Кардинале нема дилема, мора да „летаат“ лица од највисоката управа на клубот, па веќе се подготвени отказите за генералниот менаџер Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и за техничкиот директор Монкада.
Се уште е неизвесна иднината на Златан Ибрахимовиќ, но големи се шансите тој да остане, особено ако се реализираат најавите дека отказ ќе добие и тренерот Алегри. Искусниот стратег беше тотално разочарување токму во клучниот дел од сезоната, во Италија беше јавна тајна дека Ибра е во војна со Алегри и затоа неговата улога во функционирањето е значително лимитирана.
Тој беше подготвен самиот да си поднесе оставка летово, но сега ќе почека – доколку Алегри си замине, Златан би останал во клубот.
Извори блиски до Кардинале тврдат дека нема шанса тренерот да го „преживее“ ова фијаско, па се очекува во следните денови да почне ремонтот, новата управа и тренер да бидат именувани пред почетокот на мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
