Меси-манија во Франција, нема доволно места за новинари на стадионот на Ремс

Вистински „земјотрес“ се најавува во Франција, а главниот епицентар ќе биде стадионот на Ремс во недела, место каде Лионел Меси би требало да дебитира во дресот на ПСЖ во натпревар од 4.коло во Лига 1.

Ова му прави големи главоболки на домашниот тим кој добил рекорден број барања за акредитации. Дури 122 новинари побарале дозвола да присуствуваат на стадионот „Аугуст Делон“.

Претходниот рекорд е 113 акредитации, кога исто така гостувал ПСЖ, а тогш во тимот бил и Дејвид Бекам. Ремс за првпат во својата историја добил барања од новинари од „Вашингтон пост“, „Форбс“ и неколку аргентински медиуми.

Се вчитува...