Рен без проблеми против Троја, победа на Брест, реми на Монтпелје и Лориен

Рен ја продолжи трката за излез во европските натпреварувања во сезоната која следи откако во 35. коло од француското првенство славеше со убедливи 4-0 против Троја. До победа „црвено-црните“ ги предводеа Тете, Буриго и Токо.

На победа се радуваа и фудбалерите на Брест кои славеа со 1-0 против Оксер, додека Монтпелје и Лориен ремизираа со 1-1 благодарение на голот на домаќините во 94. минута.

Се вчитува...