Тимот на Рен е победник во фудбалскиот Куп на Франција, откако во големото финале, по изведување пенали го совлада фаворизираниот Пари Сен Жермен со 6-5. Кобна за ПСЖ беше шестата серија пенали, во која Кристофер Нкунку не успеа да реализира, а претходно Исмаила Сар ја погоди мрежата на „светците“.
Регуларниот тек од натпреварот заврши 2-2. Дани Алвеш со прекрасен волеј удар донесе водство за „светците“ во 13.минута, а осум минути подоцна Нејмар зголеми на 2-0. Но, Рен не се предаде. Со автоголот на Кимпембе во 40.минута намали на 2-1, а Едсон Мексер во 66.минута го израмни резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА