Француски Рен остана без осминафинале во Лигата на Европа по поразот од 2-3 на домашен терен од Вилјареал во синоќешниот натпревар од последното коло во групната фаза, поради поништен гол во самиот финиш поради бизарно правило кое никој не го знае.
На Рен му беше доволен само бод за да го задржи првото место во групата кое води директно во осминафиналето на Лига Европа. Вилјареал на мечот со голот на Дани Парехо во 80.минута дојдоа до предност од 2-3.
И, во 11-та минута од судиското продолжение вистинска експлозија на стадионот во Рен. Најпрво домашните од слободен удар ја погодија гредата од голот на гостите, а во продолжението на акцијата Асињон погоди за 3-3. Се чинеше дека Рен дојде до посакуваното реми и првото место во групата. Но, следеше шок.
По реакција на ВАР-судијата, беше поништен голот поради правило кое ретко кој го знае. Причината е бизарно правило кое не го знаел и самиот судија на мечот, Турчинот Атила Караоглан. Имено, по слободниот удар на Енцо Ле Фи, топката од гредата повторно се одби до него без притоа да допре ниту еден друг играч во поле. А, тоа не е дозволено, па сето тоа го забележале од ВАР-собата и голот беше поништен.
Renne’s last minute equalizer got overruled because the player that took the free kick reached the ball after it hit the crossbar before anyone else
byu/er_primo_der_rafa insoccer
За одлуката за поништување на голот беа зачудени и сите актери на теренот како и коментаторите на натпреварот. Но, сите нешто научија по завршувањето на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА