Рен преку Монако до врвот во Франција

Рен стигна до третата победа во новата сезона во Франција откако со пресврт славеше над Монако со 2-1. По овој триумф, Рен со 10 бода се наоѓа на врвот на табелата во Ле шампионат.

Висам Бен Једер во 28.минута ги доведе „кнезовите“ во водство. Предноста на Монако беше актуелна се до финишот, кога Рен возврати двојно.

Стивен Н’Зонзи во 81.минута донесе израмнување, а голема радост за домашните следеше по голот на Адриен Труфер во судиското продолжение од мечот.

Се вчитува...