Рен „прокоцка“ победа во финишот, Дејвид со два гола му донесе бод на Лил

И покрај предноста од 0-2 до 84. минута, на крајот тимот на Рен мораше да се задоволи со бод на гостувањето кај Лил. Спасителот на домашните е Џонатан Дејвид кој со два гола донесе бод за својата екипа, која беше пред пораз.

Блас уште во првата минута од средбата донесе предност, а Калимуендо во 20. минута ја зголеми предноста на Рен, и го доближи тимот до победа.

Меѓутоа до првиот гол на Лил се чекаше о 84. минута кога Дејвид успеа да намали, а истиот играч во судиското надополнување го спаси својот тим од пораз.

Се вчитува...