Ренато Санчес ќе му биде конкуренција на Елмас во Фенербахче?

Португалскиот фудбалер Ренато Санчес, кој своевремено важеше за еден од најталентираните млади играчи во светот, никако не може да се пронајде себеси и повторно ќе мора да замине од Баерн Минхен на позајмица. Овојпат за него е заинтересиран турскиот клуб Фенербахче, а Санчес би можел да му стане директна конкуренција на македонскиот мегаталент Елиф Елмас во составот на Филип Коку. За реализација на позајмицата остануваат уште неколку дена, до крајот на летниот преоден рок.

Ренато Санчес пред две сезони за сума од 35 милиони евра дојде во редовите на Баерн Минхен, но не успеа да се наметне, беше на позајмица во англискиот Свонси, а сега би можел да замине во Турција за да добие поголема минутажа и да го врати својот фудбалски сјај. Се уште е и тоа како млад и талентиран, со своите 21 година дефинитивно е еден од најперспективните фудбалери во средниот ред.

Фенербахче се интересира и за Нури Сахин, играчот за врска на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...