Ренова без Усеини и против Вардар

Екипата на Ренова и на неделниот натпревар против Вардар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе биде без своето најголемо засилување од зимскиот преоден рок, Мухамед Усени.

Фудбалерот од средниот ред се уште ја нема неопходната документација по враќањето до Албанија во македонскиот фудбал поради што мора да почека на својот прв натпревар во дресот на „гипсарите“ оваа година во шампионатот. Се очекува Усени да биде на располагање на тренерот Никола Илиевски – Џиџи за натпреварот од следното, 21. коло.

Натпреварот меѓу Ренова и Вардар од 20. коло во ПМФЛ се игра в недела од 14 часот на Градскиот стадион во Тетово. Делител на правдата ќе биде Александар Ставрев од Скопје, а ќе му помагаат Кировски и Костадинов.

Се вчитува...