Македонскиот прволигаш Ренова се засили со косовскиот дефанзивец Арбер Шала. Тој игра на позицијата лев бек и во оваа сезона ќе ја зголеми конкуренцијата во одбраната на „гипсарите“.
Шала во минатото има настапувано за косовските екипи Гњилане, Лирија и Дрита и има и интернационално искуство од Албанија, во клубовите Љачи и Камза.
Ренова по првите две кола има два бода во новиот шампионат на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА