Ренова го „сруши“ досега несовладаниот Пелистер… (ФОТО)

Ренова успеа да му го нанесе првиот пораз на Пелистер сезонава, притоа пак запишувајќи го за себе првиот триумф, славејќи со 1-0 во првиот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во цврст натпревар, главно израмнет со многу борба на средината од теренот, „гипсарите“ до победата стигнаа благодарение на голот на Ненад Мишковски во 66. минута од средбата.

Renova - Pelister 1

По овој триумф, Ренова со 5 бода сега се издвои од дното на табелата, додека Пелистер остана на претходно освоените 8 бода од претходните четири кола.

Renova radost

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО 

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 1-0 (0-0)

УТРЕ (15:30 ч)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Скопје: СКОПЈЕ – ВАРДАР

Прилеп: ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Се вчитува...