Ренова го врати Љавдрим Скендери

Македонскиот прволигаш Ренова го врати во своите редови крилниот играч Љавдрим Скендери. Тој по една сезона во второлигашот Гостивар се враќа во добро познатата средина и треба да биде квалитетно засилување за „гипсарите“.

Ренова потпиша и со Меритон Салиу и со Илирид Адеми, а тимот го напушти првиот стрелец Влатко Стојановски кој направи трансфер во францускиот прволигаш Ним.

Се вчитува...