Ренова и Победа ремизираа во Тетово…, Садики промовиран меѓу „гипсарите“

Ренова и Победа ремизираа (2-2) во пријателски натпревар кој денеска се одигра на теренот на АМС во Тетово.

„Гипсарите“, за кои ова беше втор тест дуел по поразот од Шкендија (1-2), имаа водство и од 2-0 со головите на Рамадан и Стојановски, но во второто полувреме со погодоците на Танушев и Гешоски прилепчани успеаја да се спасат од пораз.

Ренова денеска го промовираше и седмото засилување во зимскиот преоден рок во името на 20-годишниот централен дефанзивец Нехар Садики. Претходно, како што е познато, за Ренова потпишаа и Емануел Мбела, Ермедин Адем, Ерсин Фетаи, Бојан Миовски, Бурхан Мустафов и Вулнет Ислами.

Се вчитува...