Ренова ја „загипсира“ Академија Пандев во Тетово

Ренова ја совлада Академија Пандев со 3-1 во првиот меч од 13.коло во Првата фудбалска лига. Со овој триумф, „гипсарите“ се искачија на петтото место на табелата со 17 освоени бодови.

Домашниот тим имаше одлично прво полувреме, во кое постигна три гола и практично го реши победникот. Арџент Гафури во 27.минута го отвори резултатот, а девет минути подоцна Ненад Мишковски зголеми на 2-0. Лукас Маркос во 39.минута го постигна третиот гол за „гипсарите“ и беше јасно дека Ренова ќе ги освои бодовите.

Во вториот дел, Академија Пандев постигна почесен погодок на овој меч, преку Ѓорѓи Марков во 86.минута од средбата.

Се вчитува...