Македонскиот прволигаш Ренова во пријателски натпревар го совлада новиот член на второлигашкото друштво, Генч Калемлер со 2-0. Стрелец на двата гола за „гипсарите“ на овој дуел беше Влатко Стојановски.
Ренова прикажа подобра игра во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до триумф. Очекувањата на тетовскиот тим се дека оваа сезона ќе се бори за излез на европска сцена, откако минатата не успеа да избори настап во меѓународните натпреварувања.
Генч Калемлер го очекува дебитантски настап во Втората лига, и тимот се подготвува за искушенијата што претстојат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА