Ренова остана без голманот Кобетиќ за пролетниот дел од сезоната

Ренова се соочува со сериозен проблем за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако остана без првиот голман Матија Кобетиќ.

Според последните информации од клубот, Кобетиќ има сериозна повреда на ‘рбетниот столб поради што ќе мора да оди на хируршка интервенција па Ренова нема да смета на услугите на поранешниот голман на Вардар до крајот на сезоната.

Тоа сигурно е сериозен удар за шефот на стручниот штаб, Никола Илиевски – Џиџи, ако се знае дека сега еднствен чувар на мрежата на располагање е Вулнет Ислами кој се врати од позајмицата во второлигашот Кораби.

Се вчитува...