Ренова останува без Скендери, но се засилува со Сулејмани

Подготвувајќи се за новата сезона, Ренова останува без крилниот офанзивец Лавдрим Скендери кој заминува од клубот активирајќи повторно интернационална кариера.

24-годишниот Скендери во својата досегашна кариера има настапи само за тимот од Џепчиште, со една сезона „екскурзија“ во Феризај од Косово. Сега желбата е повторно да се проба на интернационалната сцена.

Но, како можно засилување за „гипсарите“ се најавува членот на албанскиот прволигаш Партизани од Тирана, Албан Сулејмани. Офанзивецот би можел да се врати во Ренова каде настапуваше минатата сезона.

Сулејмани потпиша за Партизани во јануари оваа година, но откако не доби сериозна шанса сега останува отворена варијантата да се приклучи на тимот на Јетон Беќири.

Се вчитува...