Македонскиот прволигаш Ренова го совлада српскиот тим Трајал Крушевац со 2-0 на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. „Гипсарите“ успеаја да го скршат отпорот на противникот во самиот финиш од натпреварот.
Арџент Гафури во 80.минута од пенал го доведе тимот на Ренова во водство. Три минути подоцна мрежата на српскиот тим ја затресе и Илирид Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА