Ренова ремизираше без голови против Скендербег во Корча

Ренова ремизираше без голови на пријателскиот натпревар против албанскиот Скендербег кој се одигра во Корча, соседна Албанија.

Избраниците на Јетон Беќири одиграа рамноправен натпревар со албанскиот состав, создавајќи и неколку убави шанси за погодок кои останаа неискористени.

Ова е четврти дест дуел за Ренова по стартот на подготовките и прво реми, по претходните две победи и поразот од второлигашот Лабуништа.

Се вчитува...