Ренова сака да го ангажира Жоел Бопесу

Македонскиот прволигаш Ренова е во обид да го ангажира францускиот интернационалец Жоел Бопесу од Работнички. Тој е пред заминување од таборот на „романтичарите“, а раководството на тетовскиот клуб има желба да го види во своите редови. Во наредните денови тој би можел да му се приклучи на новиот тим.

Бопесу дојде во Работнички на почетокот на сезоната од составот на Скопје, кој испадна од елитната конкуренција. Се работи за квалитетен играч на левата странична позиција која е дефицитарна во составот на Никола Илиевски Џиџи.

Се вчитува...