Ренова се засили со Илирид Адеми

Македонскиот прволигаш Ренова започна со реконструкција на составот. По неколку заминувања, раководството на клубот почна со ангажман на нови засилувања. Нов член на „гипсарите“ е Илирид Адеми, кој доаѓа од Македонија ЃП, а претходно беше еден од најистакнатите поединци на Гостивар.

Адеми треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија и најверојатно да биде замената за Влатко Стојановски, кој направи одличен трансфер во францускиот прволигаш Ним.

Се вчитува...