Ренова се жали од судењето на „Чаир“ (ВИДЕО)

Екипата на Ренова има примедби на судењето на судијата Игор Стојчевски на денешниот натпревар против Шкупи на Чаир.

Од таборот на „гипсарите“ се жалат на две одлуки, кои, според нив, имаат директно влијание на крајниот исход.

Првата ситуација е кога дефанзивецот на Шкупи, стартува над Селмани. Од Ренова велат дека тоа е за директен црвен картон, но тој не досудува ниту прекршок.

Втората ситуација е при пеналот на Шкупи, кој според Ренова е спорен. Мустафов, според нив, не стартува над Адетунџе, но судијата Стојчевски се решава да покаже на белата точка.

Се вчитува...