Ренова – Силекс ќе играат утре, Вардар против Победа во Ѓорче Петров

Ренова и Силекс меѓусебниот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе го играат утре со почеток од 17 часот, место првично предвидениот неделен термин.

За в недела се предвидени само три натпревари со тоа што Вардар против Победа ќе игра на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров. Главен делител на правдата во Ѓорче Петров ќе биде Димитар Мечкаровски, а ќе му помагаат Дејан Неделковски и Гоце Петрески.

Во недела (20. август) се играат и натпреварите Пелистер – Работнички во Битола и Академија Пандев – Скопје во Струмица.

Поради настапот на Шкендија на европската сцена, дуелот на тетовци против Шкупи е одложен за понеделник (21. август) на стадионот Чаир во Скопје.

Се вчитува...