Ренова славеше против Гоблен јуниор на тестот пред заминување за Охрид

Ренова славеше против новиот второлигаш Гоблен јуниор во вториот пријателски натпревар по стартот на летните подготовки.

„Гипсарите“ на тестот кој се играше во Боговиње славеа против тимот од Куманово со 2-1. Гоблен јуниор, кој во следната сезона за првпат во историјата ќе се натпреварува во Втората лига – Запад, поведе со голот на Мергим Лутфиу, но потоа Ренова дојде до целосен пресврт со погодоците на Фисник Нухиу и Башким Велиу.

По овој пријателски натпревар, Ренова од утре се сели во Охрид на финални подготовки пред стартот на новата сезона каде се планирани уште неколку контролни дуели.

Се вчитува...