Ренова убедлива и против Лабуништа: Победа од 5-1

По убедливата победа против новиот второлигаш Дрига Боговиње, фудбалерите на Ренова запишаа и нов висок триумф на пријателскиот натпревар против Лабуништа кој денеска се одигра во Охрид.

Избраниците на Ислами одиграа квалитетен натпревар победувајќи со 4-1 (3-0).

Стрелци на головите за Ренова беа Ремзифаик Селмани во 25. минута, Љавдрим Скендери во 32. минута и Флоријан Кадриу во 43. минута, а погодокот во второто полувреме го запиша Бојан Миовски во 80. минута, откако претходно Лабуништа намали на 3-1 во 63. минута.

Се вчитува...