Фудбалерите на Ренова загубија на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Охрид пред новата натпреварувачка сезона.
„Гипсарите“ на првиот тест покрај охридското крајбрежје загубија од второлигашот Лабуништа со 0-1. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Клечкароски уште во 10. минута од средбата, постигнувајќи евро-гол со шут од 25 метри.
Ренова, водена од новиот тренер Јетон Беќири, во новата сезона влегува со сериозни промени во играчкиот кадар. Крилниот офанзивец Љавдрим Скендери не се договори за продолжување на соработката и следната сезона ќе настапува за второлигашот Гостивар.
Во тимот од Џепчиште, пак, има седум нови имиња: Фисник Зука, Миран Максути, Илбер Беќири, Александар Ристевски, српскиот интернационалец Никола Пантовиќ, како и повратниците од редовите на Тирана, Емран Рамадани и играчот од средниот ред, Албан Сулејмани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА