Репеша полуде, па кубеше и удри кошаркар крај теренот (видео)

Незгодниот темперамент на Јасмин Репеша го навлече бесот на јавноста врз хрватскиот стратег откако тренерот на Пезаро ги загуби нервите и го удри најталентираниот кошаркар во својот тим, Хенри Дрел.

Дрел во моментот не беше на теренот, но Репеша бесно му се сврте, најпрвин го искубе за косата, а потоа го удри по грбот суперталентот на кого му се предвидува иднина во НБА-лигата.

Младиот естонски кошаркар воопшто не изреагира, се чини дека ваквите работи се нормални во неговиот однос со Репеша, но јавноста жестоко го нападна искусниот стручњак, потенцирајќи дека ваквото однесување е апсолутно недозволиво.

Се вчитува...