Репрезентативецот Ѓоко Зајков на прием кај градоначалникот на Чаир

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков денеска беше на прием кај градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. Тој му го подари дресот со број „6“ од белгискиот клуб Шалрлоа каде настапува. Двајцата се потсетија и на периодот кога заедно беа дел од А-репрезентацијата на Македонија.

„Нема подобро чувство кога го гледаш напредокот и постигнувањата на спортистите откако одреден период си бил дел од нивниот пат кон професионалниот напредок. Денес со голема гордост го пречекав фудбалерот Ѓоко Зајков жител на Чаир кој имав можност да го тренирам и да се убедам во неговиот талент и страста која ја има за фудбалот во времето кога бев помошник – тренер на фудбалската репрезентација на Македонија. Toj сега ја продолжува неговата успешна кариера во фудбалскиот клуб Шарлроа во Белгија. Неговиот дрес со број „6“ ќе ме потсети секогаш на важноста на мисијата и задоволството кое произлегува од работата за успешна и здрава иднина на нашите младите генерации“, истакна градоначалникот Висар Ганиу.

Се вчитува...