Репрезентативецот Никола Серафимов го продолжи договорот со Фехервар

Македонскиот репрезентативен стопер Никола Серафимов останува и натаму да биде дел од унгарски Фехервар, откако денеска го продолжи договорот со овој тим.

Серафимов веќе две години е дел од Фехервар откако во 2022 година дојде од Залаегрсег. Во минатото беше дел од Вардар и од Академија Пандев. Оваа сезона Серафимов 28 пати беше стартер за својот тим, и постигна еден гол.

„Првата сезона кога дојдов тука, не одеше според плановите, а имав и повреди. Сепак, по почетокот на оваа сезона работите се сменија во позитивна насока, што се одразува и на резултатите. Имаме одличен тим, одличен стручен штаб, релативно брзо стигнавме до зацртаната цела, а тоа е да стигнеме до 40 бодови, иуспеавме да обезбедиме пласман во Европа, а сега во последните две кола нашата цел е дефинитивно да се искачиме на подиумот, и нема да се откажеме од второто место. Многу сум среќен што го продолжив договорот со тимот, и ќе се борам за успеси на екипата во иднина“, посочи Серафимов.

Се вчитува...