Репрезентативецот Тодороски се сели во Серед

Репрезентативниот бек Тодор Тодороски е пред потпис со словачкиот тим Серед. Откако го напушти тимот на Раднички Ниш, ќе има нов интернационален предизвик.

Тодороски во минатото беше дел од Осијек, а играше и во Шибеник, а лани потпиша за Раднички. Тој настапуваше за Вардар за сениорскиот тим, како и за младинските категории.

Освен Серед, за Тодороски имаше интерес и од унгарски Залаегерцег, како и од српскиот тим Вождовац.

По доаѓањето на Благоја Милевски на кормилото на репрезентацијата, Тодороски стана и „А“ репрезентативец на нашата земја и имаше еден настап против Ерменија на гостински терен.

Се вчитува...