Репрезентативците ја почувствуваа арената “Динамо“, и Ристовски го одработи официјалниот тренинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Македонските репрезентативци ја почувствуваа националната арена „Динамо“ во Тбилиси која беше домаќин на УЕФА Суперкупот во 2015 година за натпреварот меѓу шпанските Барселона и Севилја. За разлика од Скопје, каде имаа катастрофален терен како „подлога“ за натпреварот во Тбилиси, се чини, ќе имаат идеални услови за надигрување.

Овој пат, за натпреварот од второто коло во Ц лигата од УЕФА Лигата на нации, за жал ќе зјае празна поради пандемијата на коронавирусот. Но, тоа ниту најмалку нема да биде демотивирачки за македонските репрезентативци кои атакуваат на нова победа, по стартната против Ерменија во Скопје.

Македонската селекција, по денешното пристигнување во главниот град на Грузија, го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар во комплетен состав. И покрај стомачните проблеми тренингот, го одработи и Стефан Ристовски кој се очекува да биде подготвен за утрешниот дуел кој стартува од 18 часот.

 

Се вчитува...