Репрезентативците ќе доцнат на подготовките на Вардар во Италија

За настапот во Лигата на шампионите, македонскиот првак Вардар ќе се подготвува во Норчија, Италија, а на подготовките ќе доцнат петмина играчи.

Екипата им даде дополнителен одмор на петмината играчи кои беа дел од националниот тим на Македонија за пријателските натпревари против БиХ во Сараево, и против Турција во Истанбул.

Репрезентативците Давор Талески, Бобан Николов, Дарко Велковски, Ѓорѓије Јанкулов и Азер Омерагиќ добија дополнителни денови за одмор. На подготовките сите петмина ќе треба да се приклучат на 13-ти јуни во Италија.

Се вчитува...