Репрезентативците „летнаа“ за Талин: Мала забава на патот кон Естонија (ФОТО)

Македонските репрезентативци отпатуваа за Талин каде утре ги очекува третиот натпревар од групната фаза во Ц лигата на УЕФА Лигата на нациите против Естонија.

Повеќе од тричасовниот пат за северот на Европа се минува и низ мала забава меѓу фудбалерите. Игрите со карти се вообичаена релаксација меѓу фудбалерите на авионските патувања низ квалификациските циклуси.

Попладнево избраниците на Игор Ангеловски треба да го одработат и единствениот тренинг во Талин пред утрешниот натпревар.

Се вчитува...