Епидемијата на ебола во Конго значително го менува планот за подготовка на најдобрите фудбалери на земјата за Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Светската здравствена организација прогласи епидемија на смртоносна болест во Конго. Досега се регистрирани 139 смртни случаи, уште 600 се потенцијално заразени, а вонредната состојба неизбежно влијаеше и врз репрезентацијата на Конго.
Фудбалската асоцијација на оваа земја затоа одлучи дека тимот треба да ги откаже тренинзите во Киншаса и да се пресели на безбедна територија – Белгија (Конго е поранешна колонија на Белгија).
Светската здравствена организација во неделата издаде меѓународно здравствено предупредување како одговор на 17-та епидемија на ебола во Демократска Република Конго (ДРК), земја со 100 милиони жители. Епидемијата ги погоди источните провинции, до кои е тешко пристапно по патишта и каде што владее насилство од вооружени групи. Според СЗО, ризикот од пандемија се смета за низок.
САД, кои заедно со Канада и Мексико се домаќини на Светското првенство во фудбал (11 јуни – 19 јули), во понеделник објавија заострување на здравствените контроли на своите граници, особено за странските државјани кои патувале во Уганда, ДР Конго или Јужен Судан во последните 21 ден.
ДР Конго се квалификуваше за Светското првенство победувајќи ја Јамајка во плејофот и е во групата на Светското првенство заедно со Португалија, Колумбија и Узбекистан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
