Репрезентативците на пат за Италија: Лет кон ново добро издание (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци утрово со чартер лет од скопскиот аеродром заминаа за Италија каде во петок во Торино ги очекува новиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2018 против „аѕурите“.

По двете квалитетните претходни изданија против Израел и Албанија, Горан Пандев и момците веруваат дека може до нов добар натпревар во Торино и покрај тоа што не очекува пресметка со исклучително силна селекција која безусловно е желна за три бода против Македонија.

По пристигнувањето во Торино, избраниците на Игор Ангеловски денеска треба да го одработат и првиот тренинг на италијанско тло…

[new_royalslider id=”797″]

Се вчитува...