Репрезентативците пред хотелот во Палермо изненадени од навивачите: Уште еднаш поздравен големиот успех (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Македонските репрезентативци по враќањето во хотелот во Палермо беа пријатно изненадени од дел од најверните македонски навивачи со кои заедно ја прославија големата победа над Италија.

Македонија приреди вистинска сензација со триумфот над европскиот шампион, а тоа секако е повеќе од доволен момент за славјето на навивачите, иако е јасно дека пред репрезентативците е веќе во вторник уште еден голем предизвик против Португалија во Порто…

 

Се вчитува...