Репрезентативците пристигнаа во Скопје, вечерва веднаш на тренинг (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет од Виена се врати во Скопје по квалификацискиот натпревар со Австрија кој синоќа го загуби со 2-1 на „Ернст Хапел“.

Репрезентативците денеска, веднаш по пристигнувањето, ги продолжуваат подготовките за последниот квалификациски дуел против Израел кој не очекува во вторник со почеток од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски по неколкучасовен одмор за репрезентативците ќе сервира тренинг вечерва од 18:30 часот на арената „Тодор Проески“. Последниот официјален тренинг пред дуелот со Израелците ќе биде одработен утре од 10:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Се вчитува...