Репрезентативците пристигнаа во Виена: Вечерва од 18:30 часот тренинг на „Ернст Хапел“ (ФОТО)

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Македонските репрезентативци пристигнаа во Виена, по двочасовен лет од Скопје, пред утрешниот претпоследен натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Австрија.

По пристигнувањето во главниот град на Австрија избраниците на Игор Ангеловски вечерва од 18:30 часот на „Ернст Хапел“ стадионот каде утре ќе се игра натпреварот ќе го одработат и официјалниот тренинг.

Претходно, од 18 часот е закажана и официјалната прес-конференција за средбата со Австријците.

 

Се вчитува...