Репрезентативците се собраа: Првите тренинзи без Алиоски, Ристовски и Димитриевски (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија со првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје ги започна подготовките за квалификациските натпревари со Италија на 6. октомври во Торино и Лихтенштајн на 9. октомври во Струмица.

На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ и на попладневниот тренинг во 18 часот ќе недостасуваат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски.

Новоповиканиот Адис Јаховиќ веќе е во базата на македонската репрезентација и ќе го одработи и првиот тренинг со репрезентативните колеги.

reprezentacija sobir 2

Селекторот Игор Ангеловски вели дека македонската репрезентација потврди дека може да се надигрува и со најдобрите селекции, се надева дека ќе биде така и во Торино.

„Знаеме каде гостуваме, но моите фудбалери покажаа дека можат да се носат со силни противници. Сите знаеме која е Италија, четирикратен светски првак, тактички се одлични, впрочем, од нив потекнува и добриот тактички фудбал. Тие се мајстори. Мора да дадеме максимум и да одиграме најдобро што знаеме“, вели Ангеловски.

Се вчитува...